Скопје: Култура, 1991. — 461 с.
Из увод:
На седми февруари 1985 година му ја соопштив својата идеја на Блаже Конески да пристапиме кон разговори, од кои би можело, евентуално, да се подготви книга. Добивајќи ја неговата согласност, по неколку дена му поднесов нешто како план за нашите идни разговори, кој не ми беше тешко да го направам, бидејќи, како што му реков, ги познавав скоро сите негови научни трудови и сите објавени книги во областа на уметничката литература.
Мора да признам дека Блаже Конески беше изненаден од оваа моја идеја, а јас пак израдуван од готовноста што ја прифаќа, бидејќи од една страна остварувањето на еден ваков концепт подразбира и не мал напор за интервјуираниот, а од друга страна, зашто ми е познато оти неговата природа не е склона кон бучен публицитет. Се разбира, овој проект немаше таква намера и, секако, на тоа се должеше и неговото прифаќање. Разговорите ги водевме од 1985 до 1990 година во повеќе наврати, како што е впрочем означено во самата книга, договарани според рас- положливото време.